| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Под покровителство на ЕУ денеска во Берисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина на техничко ниво.

Според најавите, предвидено е разговорите да траат два дена и на нив да стане збор за имплементација на се уште неспроведените одредби од Бриселскиот договер, пред се околу формирањето на Заедницата на српски општини.

Српската делегација на разговорите ќе ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, а косовската главниот преговарач на Приштина, Авни Арифи, кој важи за човек близок до премиерот Рамуш Харадинај.

Оваа рунда преговори требаше да се одржи на 16 јануари, но беше откажана поради убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top