За денеска е закажано рочиште за случајот „Поткуп“, во кој премиерот Зоран Заев е обвинет за злоупотреба на службената должност градоначалник на Струмица и барање поткуп од околу 160.000 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно градежно земјиште. Во меѓувреме, Владата најави дека делегација предводена токму лично од премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на инвестициски самит во Лондон.
Последниот пат, процесот беше одложен на барање на јавен обвинител, кој наводно го известил новиот судија во случајот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на денешното рочиште, кое е презакажано за 26 февруари.
Целата сага со судењето на Заев почна на 25 јануари минатата година, но рочиштето никако да се одржи. Првите два пати, судењето беше одложувано поради тоа што Заев бил на службен пат. Уште две рочишта потоа беа одложувани поради неприсуство на неговите адвокати.
Потоа, судењето беше одложено затоа што Заев тврдеше дека бил на средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, што беше експресно демантирано од амбасадорот, кој преку својот Твитер налог објави дека дента немал средба со никого и дека секоја различна информација е целосно неточна.
Во септември, пак, рочиштето беше одложено поради боледување на судијката Дијана Груевска-Илиевска.
Последниот пат, процесот беше одложен, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, затоа што делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст