| четврток, 6 декември 2018 |

Пролет нема да видиме – поплави на Балканот, бури во Германија, суво на север

Американската метеоролошка служба Акјуведер објави временска прогноза за пролет 2018 година во Европа, предупредувајќи на висок ризик од поплави на Балканот поради врнежите.

Иако за време на поголемиот дел од зимата, помалку дожд и снег на Балканот се забележани од просекот за тој период од годината, метеорологот Ален Реперт наведува дека бурите ќе продолжат со крајот на зимата и почетокот на пролетта.

Акјуведер предупредува дека налетите на дожд и бури ќе доведат до прекумерни врнежи во областа од Грција до Романија и Унгарија.

Исто така, предупредува дека поради слабо подвижни олујни системи, врнежи се очекуваат на овие локации неколку последователни денови, со што се зголемува ризикот од поплави.

Снег најверојатно ќе падне на планините во текот на март, а во април само во највисоките места, наведува Акјуведер.

Како што напоменува дека промената на времето кон поблаго со врнежи од дожд во комбинација со снегот што се топи од планините, го зголемува ризикот од поплави.

“Поплавите поради чести врнежи на дожд и топењето на снег од планините се можни во долг временски период, што може да доведе до одложување на протокот на овие наноси низ целиот Балкан”, најавува Тајлер Ројс, метеоролог.

Освен опасности од поплави, Акјуведер предупредува за опасноста од лизгање на земјиштето, што би можело да ги загрози подрачјата околу Динарските Алпи и Балканските планини.

Исто така се напоменува дека Алпите се изложени на ризик од поплави поради големата количина снег по зимата, кој брзо ќе се стопи поради благ воздух и чести врнежи.

Промената кон блага и влажна временска состојба го зголемува ризикот од лавини, предупредува Акјуведер.

Во делот кој се однесува на временската прогноза за Балканот, Акјуведер исто така објави и фотографија од поплавите во Обреновац во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top