| четврток, 6 декември 2018 |

Партијата на Орбан доживеа неочекуван пораз на локални избори

Унгарската владејачка десничарска партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан вчера претрпе неочекуван пораз на локалните дополнителни избори.

На вчерачните избори независниот кандидат Петер Марки Зај, поддржан од неколку опозициски партии, беше избран за градоначалник на јужниот град Ходмезовашархели, кој беше долгогодишен бастион на ФИДЕС.

Марки Зај освои 57,5 проценти од гласовите, наспроти неговиот ривал од владејачката ФИДЕС Золтан Хефедуш, кој доби 41,6 отсто.

Аналитичарите оценуваат дека изненадувачката победа на опозицијата може да е нова фаза во кампањата за парламенатарните избори, закажани за 8 парил.

Според нив, тоа покажува дека една обединета опозиција може да има шанси за победа на изборите, иако анкетите и даваат значителна предност на ФИДЕС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top