Со новите измени на Законот за трговија и во иднина алкохолните пијалаци нема да се продаваат на бензинските пумпи. Ова го посочи деновиве министерот за економија Крешник Бектеши кој укажа дека нивното министерство ги подготвило законските измени кои што веќе се објавени на ЕНЕР.
Што се однесува до продажбата на алкохолот во киосците, Бектеши објасни дека трговците уште не одлучиле дали ќе се вклучат во предложениот текст за измените на Законот за трговија.
Тој потсети дека во март забраната за продажба на алкохол од 19 часот во зима и од 21 часот во лето ќе се укине, со што ограничувањето на времето ќе отиде во историја, но лиценците ќе останат и ќе се наплатуваат по ист износ како и досега.
Овие предложени измени не се финални и може да има дополнителни измени, се додека Законот не влезе во финална владина процедура, а Законот може да се дополнува со амандмани од страна на пратениците.
Овие законските измени се направени на барање на Стопанските комори во Македонија и бизнис заедницата, која што исто така заради рентабилност во работењето подари да се укинат и лиценците кои трговците мора да ги поседуваат за да продаваат алкохол.
Бизнис заедницата овие барања ги темелат врз праксата која покажа дека ограничувањата на продажбата на алкохолни пијалаци имаат негативно влијание, како врз деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци, така и на деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи.
Што се однесува пак за лиценцата тие сметаат дека треба да се намали сумата која трговецот треба да ја плати за да добие лиценца, поточно да не се пресметува врз основа на целиот промет на продажниот објект, туку само на прометот со алкохолни пијалаци.
Министерството за економија ги изготви измените на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 часот во зимскиот период, односно по 21 часот во лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст