| четврток, 6 декември 2018 |

Давитков: Да го имавме овој состав порано, ќе бевме дојдени за друга прес-конференција

Македонската репрезентација го забележа третиот триумф во претквалификациите за пласман на ЕП 2021 година, откако по вторпат ја совлада Словачка, сега со (87:74) во Скопје.

-Очекувана победа, ова го кажав пред мечот. Словачка играше подобро откако на домашен терен, најверојатно беа растеретени, бидејќи по поразот ги загубија сите шанси, па затоа и погодија доста шутеви за три поени. Одигравме добар натпревар, не ми се допаѓаа неколкуте осцилации во текот на мечот. Но, тоа е така кога се игра со сите 12 играчи. Го контролиравме резултатот, на крајот заслужено победивме. Можевме да дојдеме до поголема разлика, но задоволен сум со ова. Први сме на табелата, сега не очекува дуелот со Швајцарија. Да го имавме овој тим порано ќе бевме на друга прес-конференција, а не за овие претквалификации, изјави Давитков по победата.

Селекторот се осврна на едне важен момент во функционирањето на тимот.

-Играчите не беа многу мотивирани, поради времето и штета што немаше повеќе публика. Сакам да кажам уште еднаш дека додека сум јас селектор, ќе пробам да играат сите најдобри. Трајковски играше добро, ‘костурот’ е тој, но списокот не е заклучен – потенцираше селекторот по третиот триумф во овие претквалификации.

На Давитков не му се допаѓале осцилациите во текто на играта. Но најмногу поради неговито обид да играта сите 12. повикани кошаркари за овој меч кои влегоа и во записникот.

-Засега сме максимални, пред јуни кога следува и оној последен дуел, гостувањето во Швајцарија.

На крајот селекторот им се заблагодари фановите кои одлучија да дојдат во сала и покрај временските услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top