| четврток, 6 декември 2018 |

Стајиќ: Местото на Македонија не ѝ е тука

Плејмејкерот на македонската репрезентација Бобан Стајиќ изрази комплименти за своите соиграчи по натпреварот против Словачка.

Кошаркарот на Куманово беше дел од стартната петорка, заврши со три поени, но дуелот го доби колективот.

Македонија е на чекор од следната фаза во претквалификации за Европското првенство во 2021 година.

-Голема победа за нас, штета што не беше со уште поголема разлика. Покажавме дека Македонија не припаѓа во овие претквалификации, но мора и ова да го пребродиме. Сега се фокусираме на наредниот натпревар со Швајцарија кој е за нас последен во овој циклус, изјави Стајиќ.

Македонија пресилна за Словачка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top