| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија пресилна за Словачка

Македонската кошаркарска репрезентација во неделата во Скопје ја совлада Словачка со 87:74, со што ја оствари третата победа во првата фаза од претквалификациите за Европското првенство 2021

Исходот од вечерашниот дуел беше познат по почетните минути кога Македонија дојде до водството од 14:3, иако Словачка успеа да се врати на почетокот од втората четвртина дојде и до водство од 26:25 и 29:28.

Потоа следеше серија од 15:0 на македонската селекција за водство со 43:29 и до крајот на мечот го контролираше резултатот. Во еден дел Македонија имаше водство и од 25 разлика (65:40).

Најдобар во селекцијата на Македонија беше Ричард Хендрикс со 23 поени и 13 скокови, Бојан Трајковски додаде 14 а Војдан Стојановски 13 поени.

На 28-ми јуни во Швајцарија, Македонија го игра последниот натпревар од првата рунда во квалификациите. За обезбедување на првото место и директен пласман во следната фаза, потребно е македонските кошаркари да не загубат со повеќе од 15 кошеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top