Пред околу еден час се случила сообраќајна несреќа кај надвозникот во скопската населба Ѓорче Петров, каде што се судриле два автомобили, дознава „Фокус“.
Според нашите информации, во сообраќајката полесно повредена е ќерката на познатата актерка Шенка Колозова. Таа се наоѓа надвор од животна опасност. Патот накај Волково е блокиран.
Информациите на „Фокус“ ги потврди и директорот на Градската болница „8 септември“, Кристијан Костов, каде што се примени двете пациентки.
– Пациентката има фрактура на петна коска и ќе си оди дома со гипс, а другата сопатничка што била со неа има потрес на мозокот и ќе биде испратена на скопската Клиника за неврохирургија – истакна доктор Костов.
Се чека потврда од Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


