
Во текот на ноќта времето ќе биде облачно и студено со пообилни врнежи од снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. На север и долж Повардарието ќе остане поизразен северозападен ветер.
Оттаму додаваат дека до 16 часот денеска најмногу снег наврнал во Маврово односно 56 сантиметри, 31 во Лазарополе, 20 во Пожаране, 5 во Ѓуриште и Тополчани, 2 во Тетово, Штип, Претор и Битола и по 1 сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.
Во текот на утрешниот ден, врнежите ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка. Во Скопје утре ќе биде облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 0 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


