| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот првак ќе се бори за четвртфинале во Скопје

Македонскиот и европски првак го запиша вториот пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Нант беше совладан со 27-26. Директниот пласман во четвртфиналето Раул Гонзалез и неговите избраници ќе го бараат на дуелот со Висла Плоцк. „Црвено-црните“ речиси 50 минути играа далеку од посакуваното ниво, бркајќи голема негатива, на крајот во голем стил се вратија, но немаа доволно време за целосен камбек. Поразот значи дека Вардар се уште го нема осигурано првото место во групата кое носи и директен пласман во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top