| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки немоќни против Мец, прв пораз во ЛШ

Ракометарките на Вардар го запишаа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите откако загубија на гостувањето кај Мец со 24:22.
Вардарки не можеа против феноменалната партија на црногорската голманка Рајчиќ која имаше 19 одбрани. Одбраната на Мец одигра посебно добра одбрана врз Драгана Цвијиќ која успеа само еднаш да шутне.

Натпреварот беше изедначен, Вардар беше подобар на стартот имаше предност и од три разлика, 4-1, но Мец брзо се врати, ја стопи негативата, на одморот се замина со нерешени 10:10.

И вториот дел беше сличен на првиот, Вардарки имаа предност од 20:18, се чинеше дека ја имаат контролата врз мечот, но Мец направи серија од 4-0, го превзема водството и на крајот славеше заслужена победа од 24:22.

Ѕвезда на мечот беше голманката Рајчиќ со 19 одбрани, Лејно фати 10 топки на ракометарките на Мец. Најефикасна во составот на Вардар беше Лекиќ со пет голови, по три имаа Пенезиќ, Лазовиќ, Радичевиќ и Лакрабер.

Вардар не успеа денеска да го завери првото место во групата но тоа најверојатно ќе го направи следниот викенд кога на 2. март во Скопје го пречекува Битигхајм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top