| четврток, 6 декември 2018 |

Политичките процеси не смеат да зависат од личните желби на политичарите

„Фонтот на народот, фронт за Македонија“ порача дека политичките процеси не смеат да зависат од личните желби на политичарите

g_front za makedonijaГраѓанската иницијатива „Фронтот на народот, фронт за Македонија“, денеска во Струмица пред преполна сала го продолжи серијалот директни средби со граѓаните на кои главна тема е политиката во државата.

Професорката Виолета Наумовска истакна дека во Македонија се случува еден апсурд, а тоа е континуираното барање на опозицијата за одржување на избори.

“Апурдно е секоја година да се одржуваат избори. Политичките процеси во една држава несмеат да зависат од личните желби на политичарите кои своите чекори ги влечат во зависност на своите интереси, притоа неводејќи сметка за државните интереси“, истакнува професорката Наумовска.

На трибината беше посочено дека евентуалните парламентарни избори би наштетиле на евроинтегративните процеси кои би резултирале со застој кој негативно би се одразил врз априслкиот извештај на ЕК. Од друга страна постојаното прекинување на добиениот мандат би значел и непочитување и поигрување со волјата на мнозинството на граѓаните.

Постојаните избори се одлика на слаба демократија, истакна уметникот Камиловски кој посочи дека граѓаните се свесни за својата судбина и тие самите одлучуваат на избори. Бојкотот не е опција кога има избори и легално избрани институции.

Лидерот пак на струмичките земјоделци Никола Стаменов истакна дека никој не треба да мисли дека земјоделците не се свесни луѓе кои може да се манипулираат и уценуваат. Затоа политичарите како Црвенковски кои не кажуваат во што се подобри од конкуренцијата, постојано се служат со закани и уцени, крајно време е да си заминат од политиката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top