| четврток, 6 декември 2018 |

Татко моли за помош да не го одделуваат од болната ќерка која е на лекување во Турција

Велешанец моли за помош да не го одделуваат од болната ќерка која е на лекување во Турција, откако тамошните власти попладнево сакаат да го депортираат во Македонија. Александар Здравевски, чија двегодишна ќерка под итно мораше да се лекува во болница во Истанбул денеска на социјалните мрежи сподели апел за помош, барајќи македонските институции да му помогнат за да остане во Турција. Тој во моментов се наоѓа на аеродромот во Истанбул, заедно со емигранти од повеќе земји, и таму ќе остане се до утре во 16 часот кога има лет за Македонија. Неговата сопруга и ќерката успеале да обезбедат документи за да останат во Истанбул, но Здравевски, поради тоа штo не успеал навреме да го пријави престојот во општината ќе мора да ја напушти земјата.

Неговите пријатели и познаници на социјалната мрежа Фејсбук му нудат помош на таткото, кој е очаен поради одлуката за депортација. „Колку неморал и нечовечност треба да има човек за да депортираат родител кој оди во болница за да си го спаси сопственото дете“, напиша Здравевски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top