Пролетта во Европа и на Балканот ќе донесе повисоки температури , но со нив ќе пристигнат големи поплави и бури , се вели во прогнозата на метеоролошкиот сервис AccuWeather.
Зимава на Балканот е регистрирано ниско ниво на дожд и снег , но на почетокот на пролетта се очекува појава на обилни дождови и ветрови, а овие временски неприлики ќе продолжат во тек на неколку месеци. Освен опасноста о д поплави , се прогнозира и опаснот од лизгање на земјиштето, прогнозира познатиот сервис.
За разлика од Балканот, за северниот дел на Европа, се прогнозира суво и топло време, кое повеќе постетува на лето отколку пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.