Жител на тетовското село Сливница бил повреден во судир на автомобил „фиат пунто“ со воз, вчера, на железничкиот премин кај село Фалише, Тетовско.
Како што информира СВР Тетово, сообраќајната незгода се случила вчера околу пладне кај железничкиот премин во близина на фабриката „Тетекс“.
– Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево налетал и удрил во автомобилот „Фиат пунто“ при што возачот поминал без повреди, додека совозачот со телесни повреди бил префрлен во Тетовската клиничка болница каде е задржан на лекување. Полицијата извршила увид и работи за расветлување на поединостите како се случила сообраќајката, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, пренесува МИА.
Во незгодата бил повреден Р.Ј.(66) од Стримница. Неговиот брат, Н.Ј.(57), кој управувал со возилото, поминал без повреди. Тетовската полицијата извршила увид на местото на настанот и работи за расветлување на причините за незгодата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст