Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими треба да размисли лично да преземе одговорност и да поднесе оставка доколку смета дека не може да го координира процесот на приближување на Македонија кон ЕУ, изјави поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во вечерашното гостување во „24 анализа“.
Милошоски, коментирајќи ја последната оценка на Бесими дека македонските институции се одговорни затоа што земјата на состанокот на Советот на министри на ЕУ не доби датум за почеток на преговорите во ЕУ, рече:
„Ако некоја институција потфрлила во процесот на евроинтеграции, а вицепремиерот Бесими е одговорен за тој процес, тогаш тој лично треба да си преземе одговорност зашто не реагирал навреме и можеби да размисли да поднесе оставка ако смета дека не може да го координира тој процес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


