Како турбиленциите во репрезентацијата да не беа доволни, скандалите во српскиот ракомет се префрлија и на клупско ниво откако на трибините се тепаа спортските директори на Динамо Панчево и Војводина.
Во репрезентацијата селекторот ги објави ракометарите дека се забавувале до утринските часови и затоа имале слаб настап на Европското првенство во Хрватска. Тие му вратија дека тој постојано бил пијан, не знаел своите играчи во кои клубови играат, а не ги познавал ниту 85% од играчите на противниците.
Но, скандалите во српскиот ракомет не завршија во репрезентацијата. Во финалето од Купот на Србија во кој Војводина го победи Динамо од Панчево со 25:22 се случи тепачка најпрво на теренот, а потоа и на трибините.
Пред крајот на првото полувреме поради меѓусебно удирање црвени картони добија ракометарите Веркиќ и Жујовиќ, а инцидентите се префрлија меѓу челниците на трибините.
Камерите снимија тепачка на трибините а според српските медиуми главни актери биле спортскиот директор на Војводина, Дарко Јевтиќ и тој на Динамо, Стојан Радовановиќ. Во тепачката биле вмешани и нивни пријатели и навивачи на двата тима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст