
Новоизбрнаиот член на Советот на јавните обивнители Ацо Колевски смета дека со своето 30 годишно работно искуство во обвинителството ќе придонесе за самостојноста на обвинителите.
Колевски ја водеше и предистражната постапка за хеликоптерската несреќа кај Блаце во загинаа 11 офицери на АРМ. Случајот беше затворен со вина врз пилотите и без истражување на одговорноста кон повисоките армиски структури.
Колевски кој свечената изјава во Собранието ја даваше придружуван од претседателот на советот Коле Штериев, не сакаше да ги коментира претходните одлуки на советот, но вели дека не се сомнева во профиесионалноста на колегите во чиј последен избор на обвинители за организиран криминал, реакциите беа дека има судир на интерес.
Колевски беше избран со гласање од републичките обвинители а уште две празни места во советот треба да се пополнат од Собранието. Поради немање кворум на собраниската комисија за избори и менување, неделава не пројдоа предлозите за двајца адвокати. Едниот е Ангеле Илиевски познат во јавноста како адвокат на ексразузнавачот Зоран Верушевски а другиот е Ангел Солев кој во минатото бил член на Судскиот совет, судија, претседател на Основниот суд Скопје 2 како и член на правниот совет на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


