
Вишиот суд во Белград го ослободи од обвинение за убиство Сашко Богески, кој во мај 2013 година, во својот дом , во самоодбрана, откако беше нападнат, го уби провалникот Владимир Маниќ.
По 5 години, судење, донесена е првостепена пресуда со која врз основа на доказите судот одлучи дека Богески делувал во самоодбрана.
Сепак обвинителството има право на жалба, а тоа тврди дека Богески ја пречекорил нужната одбрана.
До трагедијата дојде кога во 2013 година Владимир Маниќ, кој имал веќе криминално досие, влегол во домот на семејството Бпогески во Жарково и откако го видел сопственикот тргнал кон него со шрафцигер.
Богески зел нож и го прободел неколкупати, по што насилникот , откако избегал од станот , починал на улица.
Случајот со нашиот сонародник во Белград кој во борба со провалник го бранел семејството ја подигна пред пет години Србија на нозе. Во меѓувреме, тој мораше да се исели од станот и да се крие пред криминалните банди, а обвинителството упорно опстојува на тезата дека се работи за – убиство.
За овој случај Глобус магазин пишуваше неколку пати како за случај на “убиство во отсуство на власта”: беше убиен познат криминалец, со 50 кривични дела зад себе, а сепак – на слобода! И кога со нож и друг метален остар предмет упаднал во станот на Богоески овој во борењето, бранејќи го семејството го прободел неколку пати. Провалникт избегал ама потоа починал од искрвавување.
Настанот кој го претвори Сашо Богоески во обвинет се случи на 21 мај 2013 година. Криминалецот кој беше убиен , Владимир Маниќ, крадец кој без сомнение го скршил прозорецот во станот на семејство Богески со шрафцигер и со нож во рацете, влегол во станот, а потоа бил забележан од сопственикот на станот.
На почетокот на судењето, Богески потврди дека се бранел од провалник кој влегол со нож и дека раните му ги нанесол со нож, најден во кујната, каде го затекнал провалникот. Го бранел домот, животите на сопругата Ира и на тогаш осумгодишната ќерка. Вештакот потврди дека се работи за самоодбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


