| четврток, 6 декември 2018 |

Повредена патничка при кочење на автобус на ЈСП

Вчера 20-годишната Т.Н. од Скопје пријавила дека била повредена во автобус на ЈСП.

Според пријавата во полицијата на 21 февруари околу 8.10 часот додека како патник се превезувала во автобус на ЈСП број 50, кога возачот прикочил, паднала во автобусот, а врз неа паднало друго лице.

Истиот ден во 9 часот се јавила на лекарски преглед во Градската општа болница “Свети Наум Охридски”, каде и биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на нога) и истата била пуштена на домашно лекување, информираа од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top