| четврток, 6 декември 2018 |

Наставник тепал и навредувал дете во училиштето во Карбинци

Скандалозно непримерен настан денес во ТВ Стар пријави родител на ученик во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци. Видно вознемирен и револтиран во јавувањето, случајот го открива таткото Стојков Димче кој е на работа во Франција.

-Имале час по физичко и детето играло топка, професорот влегол и прашал зошто ја удира топката и го удрил детето 4-5 пати. Детето се жали на болки во ушите, раскажува Димче Стојков, родител на детето.

Поради ова, тврди таткото, детото е во шок и повеќе несака да оди на училиште.

-Детето се плаши, под стрес е, не сака да оди на училиште. Еве се јавувам во Министерството за образование да кажам дека детето нема да го пуштам да оди на училиште, вели Стојков.

Освен во надлежното министерство, случајот веќе е пријавен и во полицијата.

-Ние пријавивме и полицијата требало да дојде, но се јавиле дека имале некој итен случај и ќе се јават кога ќе дојдат во училиштето, рече Стојков.

Случајот за ТВ Стар денес го потврди и директорт на училиштето Старшо Пинџур, Зоран Трајанов.

„Согласно моите ингеренции веднаш е формирана Комисија задолжена да го истражи случајот, по што и ќе се преземат соодветни дисциплински мерки“, изјави директорот Трајанов.

Кога формираната комисија ќе ја заврши работата и каков ќе биде епилогот останува да се види, но родителите на детето се категорични дека овој случај ќе го водат до крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top