Општество во кое нема место за корупцијата“ беа зборовите кои ги ветуваа од Владата. Но што добиваме: и официјално Република Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа.
За девет месеци оваа Влада нема превземено ниту еден единствен чекор за сузбивање на корупцијата која го разјадува општественото ткиво. Неефикасното и зависно судството останува рак рана, неефикасни институции, отсуство на професионалност во раководниот кадар на полицијата, исклучително корумпиран менаџмент во здравство, како и широко распротранета корупција на институциите кои се во непосреден допир со граѓаните се само мал дел од големата слика за тоа каква држава сме денес.
Исто така уште јавноста чека одговори од премиерот за тоа до каде е истрагата за корупцијата на двајцата членови од неговата влада која беше најавена. Најзагрижувачка е корупцијата на најниско ниво.
Македонија не смее да се претвори во место каде граѓаните за да стигнат до една обична услуга која природно им припаѓа, мора да потплатат. Потребна е решителност, независност, и волја да се сузбие оваа појава.
За ВМРО-ДПМНЕ, Македонија која има брз и ефикасен правосуден и полициски систем е цел која нема алтернатива. Граѓаните мора да се чувствуваат безбедно и правично.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст