| четврток, 6 декември 2018 |

Десковска ќе превоспита уште тројца градоначалници

Градоначалниците на Конче, Липково, Боговиње и Желино се следните кои по Арбен Таравари можат да ги изгубат ингеренциите во делот на образованието. Неправилно разрешувале директори на училишта и на нивно место без законска основа поставувале нови.

„Во моментов се водат повеќе постапки кои се однесуваат на повеќе градоначалници. Доколку не бидат одстранети законските нерегуларности ќе биде постапено согласно закон“, велат од министерството.

Според Алијансата на Албанците која вчера обвини дека ингеренцииите на Таравари се намерно одземени за да им бидат дадени на кадар на ДУИ, заднината на оваа одлука е сомнителна. Издвоени се неколку други рурални општини само за да не биде само Гостивар велат од таму. Рекција од оваа партија имаше и вчера на седница на Собрание.

Споерд Државниот просветен инспекторат, нивните инспектори постапуваат секаде каде што ќе утврдат законски нерегуралности. Проверката на наводите за местење тендери од страна на директорите на две скопски средни училишта, велат од таму, не се во нивна надлежност, туку на други органи. Група професори со недели наназад бараат смена на директорите поставени од претходната власт поради нивна непрофесионалност и вмешаност во сомнителни зделки. Градоначалникот Шилегов најави реакција по добивање на извештаите за состојбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top