Во Собранието на Република Македонија денеска беше конституирана Интерпартиска парламентарна група која ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ лицата.
Невладината ХЕРА информира дека мисијата на Интерпартиската парламентарна група е да се застапува за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, користејќи ги достапните механизми на Собранието со цел градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за целосно уживање на човековите права и слободи.
Во Групата членуваат 13 пратеници од постојниот собраниски состав од различни политички партии и тоа, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Бранко Маноиловски од ДУИ, Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, независни пратеници, Јулијана Николова и Никица Корубин од ЛДП, Петар Атанасов, Јагода Шахпаска и Славица Шуманска Митева и Александар Кирацовски од СДСМ и Соња Мираковска од НСДП.
На средбата се обратија координаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето Маја Морачанин и заменик-координаторот Павле Богоевски.
Драгана Дрндаревска, презентирајќи ја „Процената на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација“, посочи дека пратениците од парламентарното мнозинство и повеќето од пратениците од албанските политички партии даваат поддршка за заштитата од дискриминација, насилство и говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето.
Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата го поздравува и поддржува овој процес и ги поканува и останатите пратеници кои ги застапуваат човековите права и слободи, да им се приклучат на своите колеги и колешки во Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето.
На настанот беа присутни пратеници, амбасадори и претставници на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст