| четврток, 6 декември 2018 |

Втор руски олимпиец фатен со допинг во Пјонгчанг

Претседателот на Руската Федерација во боб-санкање, Александар Зубков изјави дека натпреварувачката Надежда Сергеева дала позитивен допинг-примерок со забранета супстанција на 18-ти февруари, соопшти за ТАСС.

– Допинг-примерокот на натпреварувачката во боб-санкање, Надежда Сергеева од 18-ти февруари е со позитивен резултат за средство за срцеви болести, кој влегува во листата на забранети – се вели во соопштението.

– Неколку дена пред тоа, на 13-ти февруари, примерокот и беше чист. Медицинскиот штаб на нашиот тим не и препишал ништо на Надежда. Федерацијата во боб-санкање на Русија, како и самата спортистка ќе преземат мерки и ќе сносат одговорност. Ние сфаќаме дека она што се случи може да влијае на судбината на целиот тим – пишува уште во соопштението на федерацијата на Русија по овој спорт.

Претходно Александар Крушелницки, кој стигна до бронзен медал во карлинг, беше фатен за употреба на мелдониум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top