За прашањето со името и заклучоците од посетата на Зоран Заев на Берлин, разговарале грчкиот премиер и германската канцеларка на нивната куса средба во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.
Според грчките медиуми, пораката од Меркел била дека ќе продолжи да ги охрабрува двете страни за да стигнат до решение, додека пак Алексис Ципрас, ја повторил одлучноста на грчката влада да се најде одржливо, стабилно и заемно прифатливо решение.
Како што објави државната агенција АНА-МПА, грчкиот премиер, на Меркел ѝ ја повторил и официјалната позиција на Атина, за ерга омнес име.
– Според владини извори, разговорите се фокусираа на заклучоците од посетата на премиерот на ПЈРМ Зоран Заев. Според информациите, Меркел продолжува да ја охрабрува власта во ПЈРМ во насока на изнаоѓање решение, пишува грчката новинска агенција, јави дописникот на МИА од Атина.ж
По средбата, што според грчката телевизија Скај траела кусо, Ципрас и Меркел ќе имаат можност да ги продолжат разговорите на заедничкиот состанок со Жан Клод Јункер и Бојко Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст