| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за тројца Кумановци: Едниот тепал, двајца кршеле во ресторан во Слупчане

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против три лица од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информира МВР.

Дваесет и пет годишниот Е.З., на први јануари годинава, во ресторан во село Слупчане, физички го нападнал Г.А. и со стаклена чаша го удрил по глава и го повредил. Двесетгодишниот М.С. и триесет и две годишниот Ф.А. го кршеле инвентарот во ресторанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top