Министерството за труд и социјална политика известува дека 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се трансформираат на неопределно време.
Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време. Со овој чекор МТСП ја прекинува долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите.
Покрај тоа, а во насока на понатамошно подобрување на состојбата со кадровската екипираност во детските градинки, Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии и за нови 260 вработувања на неопределно време. За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари.
Според анализите на МТСП, системското разрушување на системот на детска заштита во изминатава деценија предизвика недостаток на кадар во градинките од околу 2000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст