| четврток, 6 декември 2018 |

Ресен и Преспа можат да ја спасат Македонија

Јаболкото, со кое што изобилува преспанскиот регион може да ги спаси граѓаните од многу болести, одење по лекари.

Оваа овошка  лечи апсолутно се: срце, црн дроб, црева покажуваат и последните истражувања

Уништува сè околу себе – Биолошки активните состојки во јаболкото остануваат релативно стабилни и на температура од 0 степени. Не треба да се чува близу друго овошје или зеленчук ако не сакате пребрзо да созрее, зошто јаболките испуштаат етилен, кој го забрзува тој процес. Од една расипана јаболка во кеса, сè може да се расипе. И тоа не е сè. Компирот про’ртува кога се наоѓа во нејзина близина, а цвеќето венее ако се наоѓа во близина со чинија полна јаболки.

Ги чува крвните садови – Поради богатството со влакна, и витаминот Ц и калиумот, корисни се за срцевоболните и оние со кардиоваскуларни проблеми. Танинската киселина од јаболките спречува таложење на масти во црниот дроб, а витаминот Ц заедно со јодот, кој го содржат некои сорти, спречува заболувања на штитната жлезда. Јаболките го намалуваат ризикот од рак на бели дробови, дебело црево, простата…

Јаболкото низ бројки

200гр. – толку е тежината на просечното јаболко, најтешката јаболка во Гинис била измерена 1.800гр.

100гр. јаболко содржи: 86гр. вода, 400мгр. минерали, 27мгр. витамини.

100гр. суво јаболко содржи: 82 калории, 16.9гр. јаглени хидрати, 1.16гр. масти.

50% – половина од витаминот Ц се губи при печењето на јаболките

7% – една петнаесеттина од плодот на јаболката го сочинува кората и тој дел содржи 40-45% полифенол.

20% – 1/5 отпаѓа од јаболкото при негово процедување, она што останува е најбогато со лековити состојки.

30гр. – ставете толку суви јаболки во 2дл. вода и гответе ги пет минути, овој чај ќе ги ублажи симптомит на настинка и грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top