| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската полиција уапсила Косовец по барање на Интерпол

По барање на Интерпол од Сојузна Република Германија, македонската полиција од слобода го лишила 29-годишниот Г.И. (29) од Косово.

Како што истакнуваат од МВР, тој бил фатен на граничниот премин Долно Блаце вчера околу 8 часот наутро, по што бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top