Заменик-премиерот и министер за инфраструктура Барнаби Џојс поднесе оставка поради обвиненија дека сексуално вознемирувал жена.
Џојс соопшти дека се заминува од функцијата заменик-премиер, но оти нема да поднесе оставка во Парламентот.
Премиерот на Австралија, Малколм Турнбул минатата недела донесе одлука со која се забрануваат сексуални односи меѓу министрите и вработените во кабинетите, по скандалот со Џојс кој ја потресе неговата Влада.
Џојс, католик кој е во брак 24 години и промовира семејни вредности, чека дете со неговата поранешна портпаролка.
– Министрите, без оглед на тоа дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со песоналот. Во спротивно, ќе ги прекршуваат стандардите на однесување, рече Турнбул.
Тој истакна дека дека во 2018 година е неприфатливо министер да има секс со некој што работи кај него.
– Тоа навистина е многу лошо однесување на работа и сите знаат дека од тоа никогаш не излегува ништо добро, рече австралискиот премиер.
Одлуката на шефот на Владата да се дополнат правилата за однесување стапи во сила веднаш, а Турнбул рече дека Џојс мора сам да ја разгледа својата позиција во Владата и на местото лидер на Националната партија.
„Барнаби Џојс скандалот“ ја загрози стабилноста на Владата, а министерот (50) зема отсуство од работа откако медиумите открија дека ја оставил жена му и четири деца, откако забременила неговата 32-годишна портпаролка, која му била љубовница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст