| четврток, 6 декември 2018 |

Северина ја изгуби војната по којзнае кој пат

Заврши процесот во кој се одлучуваше за старателството над Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ. Според неправосилната пресуда, Александар ќе живее еднакво кај двајцата родители, потврдил за Индекс.хр менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ и додал дека пејачката не е задоволна од одлуката.

-Донесена е првостепена пресуда, која не е правосилна. Ја донесе судијката Николиќ, која веќе двапати судеше според желбата на Поповиќ, а на штета на детето и двата пати пресудите паднаа на второстепен суд, па со ова воопшто не ме изненади нејзината денешна пресуда, рекол Петровиќ.

-Познато е дека нејзина колешка во друг спор пред еден месец донесе пресуда со која го одби барањето на Поповиќ детето да живее 7 дена со него и 7 дена со Северина, со образложение дека за такво нешто не постојат законски основи. Значи, по еден месец на истиот суд судијка донесува потполно спротивна пресуда, додава.

-Северина не е задоволна од оваа одлука, зашто смета дека тоа не е добро ниту за детето ниту за неа и најви дека ќе се жали, завршува менаџерот на пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top