
Градоначалникот Петре Шилегов, најавувајќи дека на местото каде што стоеше споменикот на Ќосето, ќе биде засадено дрво од видот „гинко“, појасни и дека градот ќе набави повеќе садници од различен вид, за што ќе бидат потрошени 650.000 евра. Иако првично дел од медиумите објавија дека сите садници ќе бидат „гинко“, од Град Скопје појаснуваат дека станува збор за садници од различен вид, а дрвото што ќе биде посадено на местото на споменикот ќе чини околу 5.000 денари.
Интересен е податокот дека ова дрво, за време на ледената доба, успеало да преживее само во Кина, а во западната цивилизација пристигнало во 18 век. Дрвото исто така се одликува со голема отпорност на екстремни услови, како отрови, загадувачи, радијација, инсекти, итн, од што може да се заклучи дека би преживеало и кај нас, бидејќи е отпорно на загадување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


