
Поради испадот на извод од 110-киловолтната трафостаница „Васил Главинов“, денеска без струја останаа повеќе скопски населби односно Бутел, Радишани, Шуто Оризари и Визбегово.
Екипите на „ЕВН Македонија“ почнаа со приклучување на дистрибутивната мрежа и интензивно се работи за отстранување на дефектот. Проблемот воедно предизвикал прекин и во водоснабдувањето затоа што не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици.
Изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема, па поради тоа, од безбедносни причини, целата трафостаница била исклучена од напојување со што корисниците од населбите Топаанско Поле, Бутел, Чаир, Радишани и другите населени места што се напојуваат од таа трафостаница останале без напојување со електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


