| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасни детали за убиството во Штип: Синот бил инвалид, чекал татко му да заспие за да го избоде до смрт

29-годишниот инвалид Г.Б. од Штип со нож го убил својот татко Т.Б. (62) додека тој спиел. Синот имал помош од својот пријател И.Д. (24) кој претходно со тупаници го удиралo сега починатиот по лицето, а потоа синот со нож му нанел неколку смртоносни убоди во пределот на главата.

Претходно меѓу нив имало расправија, но синиот чекал да се стемни и татко му да заспие.

Г.Б. е познат меѓу штипјани како инвалидно момче кое низ градот се движи со количка, но често пати го гледале како ја вози количката под дејство на алкохол, објави СДК.

Против Г.Б. и неговиот пријател И. Д полицијата поднела кривична пријава, а истражен судија во претходна постапка и на двајцата им одредил мерка притвор од 30 дена.

Портпаролот на судот, Саше Георгиев, информира дека за ова мерка биле повикани лекари специјалисти кои оцениле дека неговата инвалидност не е пречка за да ја издржува мерката притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top