| четврток, 6 декември 2018 |

Насилникот од МНР имал „минат труд“: Се тепал и во македонската амбасада во Виена

Министерството за надворешни работи истражува дали има основа за дисциплинска постапка против вработениот В.С. кој во вторникот го нападнал со тупаници по главата и телото својот колега со кого ја делел канцеларијата.

– Случајот е пријавен во МВР, а ние врз основа на законските и подзаконските акти испитуваме дали има основа за дисциплинска постапка и дали и какви мерки ќе бидат преземени – велат од МНР за Плусинфо.

Како што, неофицијално велат извори за порталот „Судство.мк“, во МНР никој не е изненаден од инцидентот затоа што не било прв пат вработениот В.С. да демонстрира насилство. Во овој контекст се прерараскажува инцидент од пред неколку години кога В.С направил тепачка и во македонската амбасада во Виена.

Т.Р.(41) од Скопје пријавил во полиција  дека додека работел, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото. На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top