По повеќе од 20-часовна расправа, што заврши со гласање по четири часот утрово, грчкиот Парламент одлучи за сите 10 политичари чии имиња се најдоа во предметот во случајот „Новартис“ да се формира предистражна комисија, јави дописникот на МИА од Атина.
Комисијата ќе брои 21 член и ќе има временски период од еден месец да ја истражи надлежноста на Парламентот, за дали да ги гони или не политичарите за мито, корупција и перење пари од криминалните активности што можеби ги направиле.
Пратениците, по четири часот утрово гласаа во поставените 10 кутии, по една за секој политичар за кој постои сомнение дека е вмешан во случајот „Новартис“.
Предлогот на Владата за формирање на конкретната комисија, доби зелено светло од Парламентот, но не со глас од сите партии.
СИРИЗА, Комунистичката партија и Златна зора гласаа позитивно за сите 10 политичари, пратениците од Нова демократија беа присутни во Парламентот, но не гласаа, Сојузот на централисти беа воздржани, партиите од Движењето за промена, Демократска коалиција и Река, во кутиите ставија нивно ливче, со што гласовите се сметаа за неважечки, додека пак од Независни Грци, секој пратеник гласаше според своето убедување и размислување.
Маратонската расправа во грчкиот Парламент, како што и се очекуваше изобилуваше со меѓусебни обвинувања, препукувања и несогласувања меѓу претставниците на партиите. Со исклучок на европскиот комесар Димитрис Аврамопулос, кој беше оправдано отсутен, останатите девет политичари за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот „Новартис“, се обратија од собраниската говорница и ги објаснија нивните позиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст