| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашот од Подгорица бил одликуван од Милошевиќ

Далибор Јауковиќ, државјанин на Србија и одликуван со медл за заслуги во областа на одбраната и безбедноста е лицето кое синоќа околу полноќ фрли бомба во дворот на амбасадата на САД во главниот град на Црна Гора, а потоа се самоуби, објавија српските медиуми, повикувајќи с на непотврдени полициски информации.

Тој според податоците од полицијата, живеел во Подгорица, а бил роден во Краљево.

На неговиот профил на Фејсбук медиумите откриле дека е одликуван со вакви медали, а имал и поставено фотографии од одликувањето со потписот на Слободан Милошевиќ од 1999 година, а судејќи според објавите, бил противник на везот на Црна Гора во НАТО.

Други детали за мотивот нема.

Како што претходно соопшти полицијата, маж прво фрлил рачна бомба, позната како кашикара кон амбасадата, а потоа со експлозивна направа се разнел. Нема други жртви ниту материјална штета.

Амбасадата на САД ги предупреди своите државјани да ја избегнуваат областа поради активна безбедносна ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top