Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, по вечерашната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференцијата повторно зборуваше за ситуацијата во Македонија во контекст на, како што кажа, големоалбанските идеи.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со Косово и пасивноста на ЕУ околу големоалбанските идеи, Лавров кажа дека „секако не може да не не загрижува пасивноста на ЕУ околу иницијативата што се појави од Тирана за т.н. Тиранска платформа, која е апсолутно нескриен повик за создавање Голема Албанија. Еве, неодамна, кога во Македонија имаше парламентарни избори, претседателот на Парламентот, на столот во својот кабинет го стави албанското знаме – во Македонија. Овие денови, шефот на албанската влада Еди Рама, гордо изјави дека токму тој од Албанија го иницирал законот во македонскиот Парламент, кој му дава на албанскиот јазик статус на државен јазик. На тој начин се прекршува Охридскиот договор, кој сите со олеснување го примивме, бидејќи ја олесни кризата во Македонија пред многу години“, изјави рускиот министер за надворешни работи.
Лавров констатираше и дека доколку сега „се урнат овие достигнувања, што толку тешко ги усогласувавме и во Македонија, и во Босна или било каде на Западен Балкан, тогаш ќе имаме основа да ја замолиме ЕУ да даде извештај на кој начин тие ги исполнуваат сопствените одлуки и колку одговараат на довербата која меѓународната заедница им ја дала“.
Ова не е лесна состојба-заклучи Лавров, објаснувајќи го рускиот став за непризнавање на Косово и бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина, кој според Лавров, бавно се реализира поради пасивноста на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст