Откако СДСМ дојде на власт во Македонија, а Зоран Заев стана премиер, во земјава се случува уништување на македонскиот национален дух.
Отстранувањето на споменикот на Ќосето во 3 часот наутро ги разгневи граѓаните, но тоа е само најновиот во низата чекори кои оваа власт ги превзема на штета на граѓаните.
Скопскиот аеродром и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица официјално имаат нови имиња.
Аеродромот што го носеше името на „Александар Велики“ сега се вика „Меѓународен аеродром – Скопје“, додека автопатот што го носеше името на истиот историски лик од антиката сега е автопат „Пријателство“.
Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.
На Заев не му беше важно значењето на Александар Македонски, но побрза да го испочитува мислењето и да ја оствари желбата на грчкиот колега.
Додека договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија од страна на бугарските политичарие и од бугарската јавност е еуфорично дочекана во Бугарија, во Македонија не стивнуваат реакциите поради ваквото понижување од страна на СДСМ и Зоран Заев.
Доволно е да се погледне овој штетен договор и ќе може да се забележи зошто радоста кај бугарската страна е разбирлива. Македонската страна се согласи дека ќе се формираат комисии се со цел менување на македонската историја, но во исто време Македонија се откажа од заштитата и поддршката на Македонците во Бугарија како и од македонскиот јазик и на тој начин ја уништи долгогодишната борбата на нашето малцинство што се наоѓа во границите на Бугарија.
Дека не се согласуваат сите со ваквите антидржавни политики покажа примерот на претеникот од редовите на колацијата на СДСМ, Ферид Мухиќ. Според него овој договор не е симетричен и Македонија ќе плати висока цена поради тоа.
-Вообичаено е договорите за пријателство, добрососедство и соработкја да бидат правени врз принципите на реципроцитет и да бидат симетрични. Овој договор не спаѓа во таа стандардна форма, не е граден врз принципите на реципроцитетот и не е симетричен. Во неколу клучни точки отстапува од тоа. Ова треба да се спомене, значајно е да се нагласи дека македонската страна, односно оваа Влада, прават напори кои излеуваат од стандардот, кои не се вообичаени и со тоа ја нагласуваат својата способност да одат подалеку. Тоа е нешто што е многу значајно. Она што се добива со овој договор има и свој цена. Цената е во гестот на македонската власта, кој е крупен и поради тоа јас ќе гласам воздржано, кажа Мухиќ на пратеничката говорница.
Ваквиот негов став го дели и професорката Билјана Ванковска.Според неа ова е штетен и срамен договор што е потпишан од страна на Македонија
-Собранието, одвај, со само 61 глас ЗА, ратификуваше срамен и штетен договор за добрососедство со Бугарија. Во своето обраќање, министерот Димитров изјави: „Денес ќе направите голема работа ако го поддржите ратификувањето. Регионот е оптоварен со историја, историјата е важна но на неа не можеме да делуваме, можеме на иднината. Убаво е кон соседите да можеме да се однесуваме како кон еднакви, да не се плашиме, и нас ни требаат пријатели и ние им требаме нив.“ Ова е дрскост и ароганција од невиден вид! Токму Бугарија покажа колку е оптоварена со историјата, барајќи ревизија на историските читанки, во вид на услов/уцена за иднината. Јазикот си го погазивме и деградиравме, ама баш за ништо за возврат! Во Договорот не фигурираат две страни како ЕДНАКВИ; туку како Силниот наспроти Слабиот (кој уште и го третира како свој, како да не постои). Уште еден срамен чин на македонската дипломатија и влада со кој се гази по нашето национално достоинство и посебност во име на некаква ветена иднина. Секој ден срамот станува се’ поголем и потежок, пишува Ванковска на својот Фејсбук профил
Она што е симптоматично е дека при ратификувањето на овој договор премиерот Зоран Заев не беше во Македонија. Во време кога се носат вакви крупни одлуки за иднината на Македонија и нејзните национални интереси Зоран Заев ги остави пратениците од неговата партија да донесуваат антидржавни политики додека тој се скија на некое монденско место во Италија.
Носечкиот столб на Тиранската платформа падна на грбот на граѓаните, Заев ја направи Македонија двојазична.
Условот кој Ахмети му го поставил на Заев за да станат коалициони партнери се исполнува на очиглед на целата македонска јавност. Двојазичноста, согласни се експертите, нема да донесе ништо добро за Македонија. Таа е единствено добра за со неа премиерот да им се додворува на албанските партии без кои никогаш немаше да формира Влада.
Двојазични униформи на полицајците, пожарникарите, лекарите и медицинските сестри како и двојазични судски процеси. Ова станува законска обврска. Ќе се интервенира и на македонскиот денар – и книжните и кованите пари ќе добијат албански симболи, анализира ТВ Алфа.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека за него Законот за јазици веќе е усвоен и покрај ветото на претседателот Ѓорге Иванов, и според него е потребно уште некое време за негова конечност.
-Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена – рече Ахмети на свечена академија по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово, оддржана во Скопје.
Судовите, обвинителства, како и сите институции ќе бидат обврзани да овозможат користење и примена на албанскиот јазик. Униформите на специјалните единици на полицијата, пожарната и здравствените работници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението ќе бидат двојазични.
Законот за употреба на јазиците кој беше изгласан, предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Предвидено е и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.
Заев ја свитка кичмата на државата, прифаќа промена на името и географска одредница.
Подготвени сме за географска одредница, изјави на прес-конференција македонскиот премиер Зоран Заев посочувајќи дека прашање за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.
– Сакам нашите граѓани да знаат и граѓаните од соседна Грција да знаат, но сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа е секогаш тука дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на заедничката прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Истовремено, додаде тој, „заедно, секоја можна идеја, која што ќе доведе до решението, дали е драфт верзија на меѓународен договор што ќе го официјализира она што е поприлично решено, според мене, симболите МК, МКД и слично, а другото би било основа да се продолжи процесот на ОН преку господинот Метју Нимиц, користејќи ги сите билатерални средби, меѓу мене и премиерот Алексис Ципрас, помеѓу министерот Димитров и министерот Коѕијас“.
– Се што може да помогне кон изнаоѓање на решение треба да го искористиме. Ние јавно ги коментираме сите настани и јавно сме позиционирани. Дискутираме и внатрешно помеѓу институциите и политичките партии, а истовремено сме фокусирани на суштествени чекори кои ќе доведат конечно до решавање на овој чуствителен проблем во интерес на двете земји во преговарачкиот процес, рече Заев на прес-конференцијата.
Заев всушност го направи она што одамна го најавуваше. Тој ја свитка кичмата во преговорите за името. Иако неколку години по оваа дадена изјава, се обидуваше да ги изманипулира граѓаните и да каже дека “не мислел баш така“, сега спроведе на дело. Но, Македонија не ја свитка кичмата сама, туку лично Заев ја свитка кичмата на нашата земја.
Заев јасно даде на знаење дека на СДСМ не му доликува да биде патриотска партија.
-Се обидовме во неколку наврати да играме на политики на патриотизмот како партија на која што не ни приликува таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса секако за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изигруваме патриоти, ние сме државотворната партија, ние сме партијата која што беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која што ја стави на стабилни нозе оваа наша земја така што обидувајќи се на ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти ќе ги набројам неколку Законот за бранители, Струга, Кичево многу варијанти не ни приличат на нас социјалдемократите. Луѓето очекуваат ние да биде кохезивниот фактор, сплотувачкиот фактор во оваа земја, рече Заев уште во 2013-та година во емисијата „Патот кон…“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст