| четврток, 6 декември 2018 |

Автобуска несреќа во Перу, загинаа најмалку 40-мина

Најмалку 44 лица загинаа во јужниот дел на Перу во вчерашната сообраќајна несреќа, кога од патот излета двокатен автобус и падна од гребен од височина од 200 метри.
Несреќата се случи вчера, рано изутрина, во близина на провинцијата Камана, соопшти сообраќајната полиција.

Во несреќата се повредени 12 лица, кои со хеликоптери биле пренесени во болница.

Засега не се познати причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top