Центарот за култура-Битола и редакцијата на „Битолски весник“ вечер во Битола организираат целовечерен концерт на „Класик Трио“ со кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова.
Битолчанецот Исмаил Лумановски, познато музичко име на домашната и светската јавност, во родниот град ќе настапи по солистичкиот концерт што го одржа во САД, а веднаш по престојот во Битола концерти ќе одржи во Италија и Литванија.
– „Класик Трио“ неодамна настапија во Турција, каде што во Истанбул приредија концерт за паметење, за кој се уште се зборува во тамошната музичка јавност. „Класик Трио“, односно Лумановски, Бакревски и Вршкова, се истакнати музичари од Битола кои приредиле бројни концерти низ светот, често се наградувани, а дел од авторскиот репертоар е снимен на ЦД, истакна директорот на Центар за култура-Битола, Зоран Димовски, најавувајќи го вечерашниот концерт.
Музичарите од „Класик Трио“ ќе исполнат композиции за кларинет – дела од Феликс Менделсон, Кохет, Бела Барток, Анте Гргин и Боки Милошевиќ.
На традиционалната манифестација „Најуспешни битолчани“, редакцијата на „Битолски весник“ ќе му ја додели наградата „Ајри Демировски“ на Исмаил Лумановски за врвни музички остварувања во државата и странство, соопшти Менде Младеновски, директор на „Битолски весник“ и коорганизатор на вечерашниот концерт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст