| четврток, 6 декември 2018 |

Неколкумина биле во Гостивар со 13-годишното девојче

Поради обвинувањата од страна на таткото на силуваното девојче, полицијата во текот на минатата вечер го привела лицето Р.М. на информативен разговор, но утврдиле дека немаат доволно докази дека тој бил вклучен во случајот со сексуалното злоупотребување на 13 годишното девојче. По разговорот бил ослободен и го посетил таткото на девојчето за да се разберат, јавува ТВ21.

Тој не негира дека со девојчето бил во Гостивар за да питачат, но вели дека тоа било на еден ден, а не како што тврди таткото на девојчето дека таму биле неколку недели. Девојчето избегало од домот „25 Мај“, и се пријавило во полиција која повторно ја ја вратила во домот.

Сепак, лицето Р.М не сакаше да открие повеќе детали во врска со патувањето во Гостивар.

Неколку пријатели на девојчето за ТВ21 обезбедија фотографии на кои се гледа како 13 годишното девојче е придружено од повозрасни мажи. Како доказ, велат дека постои и видео материјал, но дека не е кај нив. Во полиција ќе треба да сведочи и таткото на девојчето, а покана од полиција добил денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top