Апелациониот суд денеска ја одби жалбата на пратеникот Сашо Василевски, по што тој останува во притвор, објави ТВ24.
Василевски не присуствувал на седницата, бидејќи одбивал во судот да биде донесен од истражниот затвор Шутка.
Неговиот адвокат Александар Новаковски образложил дека притворот мора да се укине, бидејќи нема опасност од бегство или повторување на делото. Според Новаковски, оправданоста на неговото барање го поткрепува и фактот дека Василевски дал исказ во обвинителството за организиран криминал и го понудил телефонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.