Три каснувања од улични кучиња во Центарот на Скопје биле пријавени вчера во полициска станица.
Во 10:45 часот, 21-годишната Н.Р. од Скопје во Полициската станица Центар пријавила дека на 19.02.2018 година околу 16:20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче скитник кое ја каснало на десната рака.
Истиот ден во 15:40 часот, 59-годишниот Љ.Р. од Скопје во Полициската станица Центар пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат од повеќе кучиња скитници. Едно од нив го каснало на десната нога.
Подоцна, во 18:20 часот, 36-годишната С.С. од Скопје во Полициската станица Центар пријавила дека истиот ден околу 14 часот, во дворот на средното училиште „Илија Николовски Луј“ нејзината 15-годишна ќерка била нападната и касната од куче скитиник за левата рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст