| четврток, 6 декември 2018 |

Струга: Момче ја претепало својата девојка – итно пренесена во болница

Триесетгодишната И.Т. пред два дена во полициска станица во Струга пријавила насилство од страна на 36-годишниот С.З. од село Копачиндол, тетовското, со кого била во љубовна врска.

Според пријавата за полицијата, околу 16:20 часот, по вербалната расправија, пријавениот физички ја нападнал И.Т., по што таа со такси возило е пренесена и задржана во тетовската клиничка болница за понатамошно лекување.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесенa соодветнa пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top