Една од најдобрите тенисерки во историјата Серена Вилијамс открила дека поради компликации по породувањето можела да умре.
Серена на први септември минатата година ја роди ќерката Олимпија, а во инервју за „Си ен ен“ изјавила дека можела да умре доколку навреме не реагирале лекарите.
– Порудувањето мина добро, бев пресреќна што го држам детето в раце, но наредните шест дена беа вистински кошмар. Белодробна емболија предизвика многу компликации. Поради силните напади на кашлање ми пукнаа конците на царскиот рез. Лежев на масата за операции кога лекарите најдоа огромен хематом во мојот стомак. Тромбот можеше да оди во белите дробови во било кој момент -изјавила Серена Вилијамс.
Во интервјуто таа им се заблагодарува на докторите кои и го спасиле животот.
– Благодарна сум што бев под надзор на тим на неверојатни лекари и медицински сестри во болница со најмодерна опрема. Точно знаеја како да се справат со сите проблеми и компликации. Да не беа толку професионални сега неша да бидам тука – истакната 36-годишната Американка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст