Двајца крадци, од кои едниот е познат на полицијата, а по другиот се трага, успеале од Параклисот на црквата „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица да украдат сеф во кој имало 6.300 денари, пари кои ги оставаат верниците.
Портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, истакна дека осомничениот Н.Н. на 10 овој месец заедно со друго засега непознато лице прво од дворно место во градот украле рачна количка и со неа го извршиле кривичното дело.
– Со подесен предмет бил отстранет катанецот од влезната врата по што пријавениот со непознатото лице ја украле металната каса-сеф, во кој се наоѓале парични средства. Во 02:30 часот пријавениот со непознатото лице на улица „Спиро Захов“, забележувајки ја полициската патрола ја оставиле количката и побегнале во непознат правец, информираше Рендевска.
По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и е доставена во Основното јавно обвинителство-Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст