| четврток, 6 декември 2018 |

Митко Чавков останува во Шутка

Апелацискиот суд ја одби жалбата на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, мерката притвор да му се укине и да се замени со поблага казна.

Вчера на јавна седница тој и неговиот адвокат соопштија дека е нарушено неговото здравје, а дека обвинителството има конфузни и непрецизни обвиненија.

Чавков посочи дека не сакал да бега. Обвинителството пак, остана на ставот дека постојат сериозни ризици тој да избега посочувајќи го како еден од клучните деманти притворот да не му биде уникат.

Митко Чавков го раководеше Бирото за јавна безбедност на крвавиот 27 април, кога беше упадот во Собрание.

Чавков вчера тврдеше дека токму со негова наредба случувањата во Собрание биле ставени под контрола и не добиле потрагични размери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top